Референт за банкарски операции
во филијала Битола (Референца Бр. 002/2019)
Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.
Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на пополнување на следната работна позиција во Банката:
Халкбанк АД Скопје има потреба од лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа: прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и шалтерски операции.
- Универзитетска диплома од економските науки;
- Без работно искуство, или со работно искуство на иста или слична работна позиција до 5 години во финансиска институција - банка;
- Познавањето на банкарските операции со готови пари, контакти со клиенти ќе се смета за предност;
- Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност;
- Ориентираност кон клиенти;
- Ориентираност кон маркетинг и промоција;
- Одлични комуникациски вештини;
- Чесност и доверливост;
- Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;
- Аналитичност и прецизност;
- Способност за тимска работа;
- Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
- Професионален изглед и однесување;
- Познавање и активна примена од најновите компјутерски технологии и информатички средства кои се во широка употреба
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 11.03.2019 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 002/2019 - Референт за банкарски операции и задолжително да се назначи градот за кој аплицирате.
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.