Сколекс Д.О.О. е генерален застапник за Македонија на Лекс Групација која е интернационална компанија со 25 годишно постоење на пазарот и со специјализација во увоз и продажба на аспиратори, кујнски апарати за вградување и мијалници во Бугарија, Србија, Македонија, Црна Гора и Косово.
Сколекс Д.О.О. се грижи за формирање на широка дистрибутивна мрежа на партнери преку регионалната мрежа на продавници за уредување, водечките фирми за мебел и изложбените салони на територијата на целата земја.
Визијата на Сколекс Д.О.О. е вработување на таленти и негување на диверзитетни идеи, перспективи и култури кои водат до градење на подобри, иновативни и висококвалитетни услуги.
Корпоративната визија на Лекс Груп се состои од развивање на одржливи, динамични и успешни бизнис цели кои се базираат на почитување на традицијата како и иновативна и компетитивна понуда пласирана за Луксузни Ефективни Кујнски Системи.
За потребите на компанијата се отвара оглас за работната позиција:
Комерцијалист
(Источна Македонија - Струмица, Радовиш, Гевгелија)
Цел на работна позиција:
- Менаџирање и реализација на процесите на продажба преку теренско работење во зададен регион, креирање на стратешки односи со клучни клиенти преку градење на доверба и грижа за реализирање на потребите на клиентите.
Главни задачи и одговорности:
- Остварување и одржување на редовна комуникација со постоечките клиенти и соодветно одговарање на нивните барања и потреби
- Аквизиција на нови клиенти за продажба на производите и проширување на продажната мрежа
- Спроведување на посети на соработниците од зададениот регион
- Планирање, менаџирање и имплементација на маркетинг кампањи, активности, настани и промоции
- Одговорност за исправноста и уредноста на задолженото службено моторно возило и уредност на патни налози
- Следење на пазарот и запознаеност со најнови трендови и активности
Потребни квалификации за работното место:
- Завршено Средно стручно образование/ Високо стручно образование
- Минимум 1 година работно искуство во продажба
- Одлично познавање на работа со компјутери (MS Office пакет и софтверска програма)
- Познавање на принципи на продажба
- Возачка дозвола Б категорија
Посакувани компетенции:
- Комуникативни вештини
- Напредни продажни вештини
- Вештини за планирање и организирање
- Тимска работа
- Способност за решавање на проблемски ситуации
- Ориентираност кон клиенти
- Познавање на процеси на транспорт, дистрибуција и комерција.
Можности/ работни услови кои што ги нуди компанијата:
- Можност за работа во мултикултурна средина
- Кариерен и професионален развој и учење
- Месечни примања со бонусна политика на наградување
- Службен автомобил и потребна опрема/алатки за работа
- Стимулативна и соработлива работна средина
- Можност за обуки во Бугарија и Италија
Доколку во потрага по работа во високо стимулативна средина со можности за професионален развој и учење во сферата на продажба, преферирате работа на терен и сте ориентирани кон збогатување на искуството во градење на партнерски односи со клиенти, аплицирајте преку полето Брза Апликација.