Vrabotuvanje.com - Овластен сметководител - Скопје - Vrabotuvanje.com
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Овластен сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • Vrabotuvanje.com
 
Приватната агенција за вработување, ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС (дел од Вработување.ком), објавува оглас за регрутирање на кандидати за позицијата:

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ​


Сметководителот делува и работи во насока на спроведување на сите административни и сметководствени активности и обврски за беспрекорно функционирање на Секторот за сметководство и финансии.

Одговорности:

  • Прием и обработка на влезни и излезни сметководствени документи
  • Дневна контрола на книжењето на трансакциите во главната книга
  • Подготовка и анализа на финасиски извештаи, буџети и деловни планови
  • Изработка и пресметка на плати
  • Подготвување и реализирање на ДДВ пријави и електронско плаќање
  • Подготовка на патни трошоци
  • Координација со надворешни финансиски институции
  • Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења
  • Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
  • Следење и имплементирање на измени согласно законска регулатива
  • Подготовка на завршна годишна сметка
  • Следење и примена на позитивните законски прописи од областа на сметководственото работење

Потребни способност и вештини:

  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Планирачки и организациски способности
  • Одговорност, посветеност и истрајност во работата
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење.

Очекувани квалификации:

  • ВСС  - Економски факултет ( предност насока Сметководство и ревизија)
  • Поседување на најмалку 5 годишно предходно работно искуство на соодветна позиција
  • Искуство во материјално - финансиско работење
  • Поседување на уверение за овластен сметководител
  • Познавање и користење на Zonel е предност
  • Работно владеење на англиски јазик (усмена и писмена комуникација)
  • Работно користење на компјутер – MS office (word, посебно excel, power point)
 

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација, со назнака за позицијата “Овластен Сметководител”, најдоцна до 18.03.2018 година.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде