Фирмата АЛТЕА ММ ДООЕЛ - Скопје
со дејност продажба и дистрибуција на алкохолни пијалоци објавува
ОГЛАС
за работа на позиција
Комерцијалисти за продажба HORECA
(Познавање на пазарот, хотели, ресторани и кафичи)
за градовите: Штип,Кавадарци,Гевгелија и Струмица.
Одговорности и задачи:
- Планирање и организирање на продажни активности
- Следење на продажбата и превземање на активности за унапредување на продажбата
- Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти
- Изработка на потребна документација
- Имплементација на маркетинг програми во објектите
Вештини и способности:
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини,
- Организациски и аналитички способности
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи
- Одговорна, мотивирана и стабилна личност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Флексибилност за работа на терен
Квалификации:
- ССС/ ВСС
- Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета како предност
- Поседување возачка дозвола Б-категорија (активен возач)
- Познаење на работа на компјутер (Ms Office, Internet)
- Предност имаат кандидатите со место на живеење во погоре наведените градови.
Сите заинтересирани кандидати својата Професионална Биографија можат да ја испратат на следната e-mail адреса: hr@altea-mm.com со ЗАДОЛЖИТЕЛНА назнака на апликацијата
„за оглас за Комерцијалисти за продажба HORECA“,
Напомена:
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!