Vrabotuvanje.com - Ракувач на градежна машина - утоварувач - Скопје - Вардарградба ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Ракувач на градежна машина - утоварувач

Скопје

Рок за пријавување:

  • Вардарградба ДОО Скопје

 

ВАРДАРГРАДБА ДОО, Скопје е трговско друштво за производство, проектирање и инжинеринг со седиште во с.Трубарево - Скопје. Основна дејност на фирмата е изведба на хидро-градежни објекти и објекти од висока градба како и производство и продажба на градежни производи (песок,бетон, арматура). Во текот на овие години има учествувано на многу проекти и изградено преку 90 објекти насекаде низ нашата земја, каде како Инвеститори се јавувале Владата на РМ преку нејзините ресорни Министерства, Општините и странски земји и организации преку нивните донации (OBSE,EAR,UNDP). Располагаме со соодветна градежна опрема и механизација и алати како и со стручен кадар кој ни овозможува навремено, квалитетно и професионално да одговориме на нашите обврски. Во фирмата од нејзиното основање па до денес бројот на вработените се повеќе се зголемува, соодветно на проширувањето и развојот на фирмата.

Ракувач на градежна машина - утоварувач
(1 извршител)


Опис на работно место

  • Врши утовар на природен и сепариран песок во камион, се грижи за исправноста и уредноста на машината; одговорно управување со машината со кое се врши утовар во камион на матерјалот; и извршува други работи кои ќе му бидат доверени од страна на раководителот на сепарација;

Личен профил:

  • Комуникативност, организираност и одговорност 
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Флексибилност за работа на терен

 

Вашите пријави испратете ги преку полето Брза Апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде