AД Европа: Слатка бајка на вкусови кои гарантираат уживање
Уживајте во вкусот кој ги поминува границите и ги надминува вашите очекувања
AД Европа е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со продажба на своите производи на странски и домашен пазар.
АД ЕВРОПА објавува оглас за работно место
KОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ДОМАШЕН ПАЗАР
Работни задачи:
- Планирање и организирање на продажни активности со дистрибутери од домашен пазар
- Изработка на потребна документација (заклучници, одобренија)
- Доставување на понуди до купувачи и постојана комуникација со купувачи и соработници
- Известување на дистрибутери за договорени акции и редовно следење на ефектите од истите
- Дефинирање на годишен маркетинг план и активација (артикли на промоција)
- Дефинирање на Must have list по тип на објекти за сите категории
- Shelf share на примарна позиција и планограм
- Месечна Smart цел – иницијатива
Потребни квалификации:
- ВСС (VII/1степен) Економски факултет
- Напредно познавање на МS Office, Internet
- Високо развиени комуникациски, преговарачки и презентациски вештини
- Висока способност за вербално и писмено изразување
- Развиени организациски способности, способности за планирање и развиено аналитичко размислување
- Флексибилност за работа на терен
- Прецизност, точност и посветеност на работата
- Способност за тимска работа
- Работно искуство во продажба ќе се смета за предност
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
Компанијата нуди:
- Можност за вработување на неопределено време
- Можност за стручно усовршување
- Можност да ја развивате својата кариера во една добро позната компанија со долгогодишна традиција
- Динамична работа во професионално окружување
- Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју и тестирање.
Сите заинтересирани кандидати своите биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.