Со над 2,700 вработени Баумер е една од светски водечките произведувачи на сензори и мерни инструменти наменети за автоматизација на процеси. Овој успех Баумер го должи на своите вработени кои се посветени, врвно стручни и секогаш фокусирани на изнаоѓање на најдобри решенија за нашите клиенти.
За во најновата фабрика во индустриската зона Скопје 1, Баумер има потреба од оператори во производство на сензори, кабли и други компоненти.
ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
- Подготовка на материјал за работа, примена на канбан систем
- Монтажа / склопување на компоненти и сензори
- Рачно лемење, лепење и спојување на електрични компоненти и кабли
- Проверка на изработениот производ (визуелна контрола и функционален тест)
- Етикетирање и пакување на производите
- Постапување според работно упатство/налог од SAP
- Задолжително следење на правилата и процедурите за работа
- Носење на задолжителна заштитна опрема
- Следење на процедурите за безбедност и здравје при работа
- Работа со ситни компоненти која бара висока прецизност
- Средно образование
- Искуство во лемење на прецизни компоненти ќе се смета за предност
- Технички вештини или афинитет за прецизна работа
- Работно искуство во производствена средина ќе се смета за предност
- Висока свест за и фокус на квалитет на производите
- Одговорност при извршување на задачите
- Тимска работа
- Независност во работењето
- Познавање на англиски и/или германски јазик ќе се смета за предност
- Обука во Швајцарија во базата на компанијата со врвни стручни лица во доменот на работата
- Можност за стекнување на знаења и вештини во полето на напредната технологија
- Обезбеден превоз до работа
- Обезбеден оброк во кантината на фабриката
- Одлични услови за работа и можности за напредок во кариера во меѓународна компанија
Ако барате нов предизвик во динамична и брзо растечка успешна швајцарска семејна компанија, можеме да ви понудиме единствена можност. Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации се охрабруваат да го испратат своето CV на следната е-маил адреса: info-mk@baumer.com
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до петок 22 март 2019 година.
Само квалификуваните кандидати ќе бидат поканети на интервју и компанијата нема обврска поединечно да го известува секој кандидат кој аплицирал на овој оглас во случај да не се квалификува за интервју.