
AД Европа: Слатка бајка на вкусови кои гарантираат уживање
Уживајте во вкусот кој ги поминува границите и ги надминува вашите очекувања
AД Европа е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со продажба на своите производи на странски и домашен пазар.
АД ЕВРОПА објавува оглас за работно место
Машински инженер
- Организирање и координација на работите од делокругот на техничкиот сектор кои се однесуваат на правилна работа на производните линии, котлара, компресорска станица
- Организирање на поголеми ремонти на машинскиот парк
- Организирање градежни активности со цел подобрување на условите за производство
- Договарање изработка на разни специфични резервни делови
- Учество во избор на опремата за производство и технички сектор
- Организирање на набавка на резервни делови
- Развиени организациски способности и способности за планирање
- Способност за ефективно и ефикасно решавање на проблеми
- Високо развиени комуникациски вештини
- Прецизност, точност и посветеност на работата
- Способност за тимска работа
- ВСС (VII/1степен) Машински факултет
- Напредно познавање на МS Office, Internet
- Напредно познавање на англиски јазик
- Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција ќе се смета за предност
- • Можност за вработување на неопределено време
- • Можност за стручно усовршување
- • Можност да ја развивате својата кариера во добро позната компанија со долгогодишна традиција
- • Динамична работа во професионално окружување
- • Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции
Сите заинтересирани кандидати своите биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.



