Vrabotuvanje.com - Менаџер за односи со јавност - Скопје - Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Менаџер за односи со јавност

Скопје

Рок за пријавување:

  • Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
 
 
 
 
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 

Ние сме водечка финансиска компанија која нуди финансиски услуги, вклучувајќи брзи и потрошувачки кредити. Ги покануваме сите амбициозни професионалци, да аплицираат за позицијата Менаџер за односи со јавност, кој ќе биде одговорен за корпоративна комуникација на компанијата, како и градење и управување на односите со лидерите на јавното мислење на локалниот пазар.

 
Менаџер за односи со јавност
 

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија.
 
 Позицијата вклучува:
  • Да планира, развива и имплементира стратегии односи со јавност за компанијата;
  • Да менаџира односи со јавноста и воспоставува корпоративна комуникација на компанијата;
  • Да мониторира и анализира медиумска покриеност на Тиго и финансиски друштва;
  • Да подготви комуникациски материјали (соопштенија за јавност, публикации, брошури, летоци, лифлети за директна пошта, промотивни видео материјали, фотографии и мултимедијални програми);
  • Да креира и координира партнерство со ПР агенции, медиуми и инфлуенсери;
  • Да биде одговорен за ажурирање на информации поврзани со ПР на веб страната на Тиго;
  • Да наоѓа извори и да управува со можностите за спонзорства за менаџментот на Тиго;
  • Да се оценат можностите за партнерство, спонзорство и рекламирање;
  • Да има силно разбирање на трендовите во индустријата кои влијаат врз клиентите и да даде соодветни препораки во врска со стратегијата за комуникација.
Профил на кандидат:
  • Диплома од прв или втор цикслус студии за односи со јавноста, комуникации или слича област;
  • Исклучителни говорни, пишани и уредувачки вештини на македонски јазик;
  • Одлично познавање на англиски јзик;
  • Солидно искуство на управување со проекти за односи со јавноста, односи со медиумите, корпоративна, како и кризна комуникација;
  • Искуството со социјални медиуми, вклучувајќи ги блоговите, Фејсбук, Твитер итн., ќе се сметаат за предност;
  • Убедлив комуникатор и презентер;
  • Проактивен, сигурен, одговорен и прецизен, со особено внимание кон деталите;
  • Со широк степен на креативност;
  • Самомотивиран и ориентиран кон резултати, со позитивен и професионален пристап за управувањето со процесите.
Услови од компанијата:
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Висококвалификуван и искусен тим за соработка
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија
 
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Брза Апликација.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 6 месеца од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде