Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Mozzart
Компанијата Mozzart e најголемиот приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена на територијата на Република Србија, Романија, Република Српска, Хрватска, Македонија, а од скоро време и во Африка. Со повеќе од 1000 Уплатни места и околу 4300 вработени, апсолутно сме регионален лидер во оваа трговска дејност. Нашата деловна политика е заснована на модерни принципи на работење, константно унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно окружување кое развива вештини, знаења и кариера на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.
За нашето седиште во Скопје, потребен ни е
СЕНИОР МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР
Основни задолженија:
Учество во изработка, спроведување и евалуација на маркетинг план
Учество во изработката на маркетинг буџет
Соработка со секторите за маркетинг на други пазари со цел спроведување на глобалните акции и маркетинг планот на локално ниво
Соработка со други служби во рамките на маркетинг секторот со цел спроведување на маркетинг планот
Предлагање, спроведување, координирање и евалуација на каналот за комуникација и давање предлози за оптимизација
Предлагање, спроведување, координирање и евалуација на BTL, ATL, CSR, PR активности и директен маркетинг
Учество во изработка и анализа на медиа планот и закуп на медиуми
Учество во изработка, следење и евалуација на дигиталниот план, автоматизација на маркетинг активностите и оптимизација во соработката со други служби
Учество во изработка, следење и евалуација на CRM активностите
Координација и соработка со маркетинг и медиа агенции
Следење и уредување на социјалните мрежи на компанијата и работење на нивно подобрување
Координација и соработка со агенциите за истражување на пазарот
Учество во изработката и спроведување на маркетинг pitch-от
Изработка и спроведување на интерни процедури
Анализа на пазарните трендови, следење и давање на предлози за примена на нови технологии
Услови:
VII степен на стручна подготовка, економски факултет (пожелно, насока - маркетинг)
Најмалку две години работно искуство на иста или слична работа позиција. Пожелно работно искуство во маркетинг агенции и поголеми компании
Искуство во поставување на маркетинг стратегии, буџетирање и планирање
Искуството во работа во директен и дигитален маркетинг
Искуство во маркетинг истражувања, изработка на медиумски план и закуп на медиуми
Поседување на стручни знаења од областа на развојот и управувањето на брендот, рекламирање, односи со јавноста и CSR
Одлично познавање на англискиот јазик
Изразени интерперсонални вештини и комуникациски вештини
Изразени способности на планирање и организирање, како и стратешко размислување
Изразени вештини на преговарање и решавање на проблеми
Ориентација кон постигнување резултати
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија примарна цел е воспоставување и подигнување на стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и во регионот на Источна Европа, испратете ја својата пријава со работна биографија и мотивациско писмо преку полето Брза Апликација. Во насловот на маилот (предмет), наведете го називот на позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување пријави е 07.04.2019 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор. Непотполните пријави нема да се разгледуваат.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Менаџмент изнесува 39.113 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!