Со цел за зајакнување на тимот во производство бараме мотивирана, комуникативна и весела личност, отворена за тимска работа и стекнување на нови знаења и вештини во динамично работно опкружување, за работно место:
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР ВО ФАБРИКАТА ВО ВИНИЦА
Ваши одговорности
- Го организира , контролира и координира работењето во електро одржување со работилница и процесите поврзани со автоматизацијата во фабриката;
- Врши навремена набавка на резервни делови и репроматеријали за потребите на електро одржување;
- Организира навремено отстранување на сите поголеми дефекти кои ќе настанат на инсталираната електро опрема во производните капацитети;
- Ги контролира влезните материјали и работите извршени за време на ремонтите за поправка и одржување на опремата;
- Врши дневни и периодични технички прегледи на целокупната електро опрема и потрошувачката на електрична енергија;
- Изготвување на неделни, месечни и годишни планови за превентивно одржување
- Управување со трошоците за електро одржување во границите на буџетот;
- Управување и координирање на соработката со надворешни компании што вршат услуги и одржување во фабриката;
- Предлага мерки за зголемување на ефективноста на процесите;
- Одговара за безбедноста и здравјето на сите вработени во електро одржување и изведувачите во секое време;
- Одговара за навремено и квалитетно извршување на работните задачи, како и за исполнување на договорени барања во врска со Политиката за квалитет, принципите и праксата во друштвото;
- ВСС Електротехнички факултет
- Искуство во слична работна средина опишана претходно е приоритет
- Искуство со управување на тим во производна средина
- Солидно знаење и искуство со машини со компјутерска контрола, PLC (по можност Siemens S7), хидраулика, пневматика и идеално роботика
- Одлично познавање на Англиски а по можност и Германски јазик
- Изложеноста и промоцијата на здравјето и безбедноста е од суштинско значење и по можност со соодветна квалификација
- Професионалното искуство во меѓународна компанија е предност
- Силни комуникациски вештини
- Добри аналитички и вештини за решавање на проблеми, самоиницијатива во работата
- Определеност кон резултати
- Флексибилност
- Возачка дозвола В категорија
- Можност за понатамошен личен и професионален развој во позитивна и динамична интернационална околина
- Атрактивен пакет на приходи
На интервју ќе бидат поканети само кандидатите со одобрени документи.
Wienerberger е најголем светски производител на глинени градежни материјали како цигли така и покривни системи.
Wienerberger AG е светски снабдувач на градежен материјал и инфраструктурни решенија со седиште во Виена. Ние сме единствен мултинационален произведувач на глинени блокови за ѕидови, фасадна тула и глинена ќерамида, пластични и керамички цевни системи, како и бетонски и глинени плочки.
Ние сме најголемиот светски произведувач на глинени блокови, а друштвото е водечко на пазарот и во останатите сегменти на нашето работење. Со оглед на тоа што е основано во 1819 година, можеме да се пофалиме со 200 години успешно работење.
Ние сме дел од деловната единица Clay Building Materials Europe, чија основана дејност е производство, снабдување и дистрибуција на градежен материјал од глина.
Седиштето на деловната единица Clay Building Materials Europe се наоѓа на адресата на Wienerberger во Виена, Австрија, од каде доаѓа и името на компанијата. На таа локација се наоѓаат седиштата и на деловната единица и на Wienerberger AG.