Vrabotuvanje.com - Асистент-менаџер за продажба и маркетинг - Скопје - Smart Solutions
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Асистент-менаџер за продажба и маркетинг

Скопје

Рок за пријавување:

  • Smart Solutions

Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Microsoft, Symantec, Veritas, Cisco, VMware, Corel, Autodesk, ArchiCAD, Citrix и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работната позиција:

Асистент-менаџер за продажба и маркетинг​

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
  • Висока стручна подготовка - диплома од Економски факултет Скопје (насоки Е-бизнис или маркетинг) или Електротехнички факултет Скопје (насока КТИА)/ФЕИТ/ФИНКИ или од друга еквивалентна институција, со или без работно искуство
  • Возачка дозвола (Б категорија)
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен
  • Искуство во работа со компјутери - познавање на Microsoft Word, Excel, Power Point и користење на Интернет сервиси
  • Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање- искуство во подготовка и одржување на презентации ќе се смета за предност
  • Дополнителни обуки од областа на менаџмент на маркетинг и продажба ќе се сметаат за предност
  • Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност

Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите коишто го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови преку полето Брза Апликација или по пошта на следнава адреса:

Smart Solutions
бул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1
1000 Скопје

Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето.
Повеќе информации за компанијата може да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде