Друштвото за трговија и услуги РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО – Скопје има потреба од вработување на следната позиција:
Асистент специјалист за маркетинг
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование, Економски Факултет
- Познавање на Англиски јазик
- Познавање на турски јазик ќе се смета за предност
- Познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, Power Point, Outlook)
- Поседување валидна возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност
Конкурентски предности:
- Работно искуство во маркетинг секторот
- Високо развиени аналитички, организациски и комуникациски способност
- Високо развиена способност за работа во динамично работно опкружување и ефикасна реализација на повеќе истовремени проекти
- Одговорна,прецизна,проактивна личност,ориентирана кон постигнување резултати и желна за учење и усовршување
- Отмена и претставителна личност
Опис на позицијата
- Отвора шифри за нови производи од постоечки добавувачи
- Имплементира нови Ценовници од добавувачи
- Имплементира тековни ценовни акции и формира промотивни цени за каталог
- Имплементира промотивни сталажи за атрактивни промоции
- Подготвува промотивна брошура-Рамсторама на секои 3 недели
- Врши преглед на спорни фактури и корегира спорни фактури заради тековни акции
Доколку ги имате горенаведените карактеристики, испратете ни ја Вашата биографија на: hr@ramstore.com.mk