Farmasi Козметика ДООЕЛ, претставува дел од асоцијацијата Farmasi Adriatic која работи во доменот на мрежниот маркетинг. Во Македонија сме присутни од 2010 година и сме една од најбрзо растечките мултилевел компании во светот, препознатлива по своите квалитетни производи и можностите за развој на кариерата. Станете и Вие дел од нашето семејство.
Во моментов, нудиме отворено работно место како
Магационер – општ работник
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство како магацински работник
- Возачка дозвола Б – категорија (активен возач)
- Познавање на MS Office пакетот и работа со апликации за магацинско раотење ке се сметаат за предност
- Основно познавање на Англиски јазик
- Дозвола за управување со виљушкар (ќе се смета за предност)
Профил на личност:
- Способност за работа под притисок
- Ефикасност, брзина и организираност
- Флексибилност
- Способност за работа во динамично опкружување
- Kомуникативна и динамична личност, способна за превземање на иницијативи
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
- Одговорна, посветена и мотивирана личност
- Лојалност и дискреција
Што нудиме?
- Можност за бонуси и награди;
- Мотивирачки патувања и подароци;
- Тимска Работа
- Тим билдинг активности и дружење со интернационални тимови од регионот и пошироко;
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. Farmasi Козметика ДООЕЛ го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Farmasi Козметика ДООЕЛ во рок од 6 месеца од денот на истекот на рокот за избор.
Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.