ФЕНИКС Фарма како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија за лекови во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесува за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.
Доколку сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:
ОДВОЈУВАЧ НА СТОКА - ЛЕКОВИ
Обврски и одговорности:
- Одвојување на стока-лекови со терминал, по работен налог
- Складирање на стока-лекови
- Следење и контрола на роковите и сериите
- Следење на процедурите и стандардите на компанијата
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование, пожелно е фармацевтски техничар
- Работно искуство во веледрогериско работење
Потребни способности и вештини:
- Одговорност и прецизност
- Тимска работа
- Работа во динамична средина
Работниот однос за позицијата ce заснова на определено време, со можност за продолжување на договорот. Работното време е во смени, од 9:00-17:00 и 14:00-22:00. Локацијата на компанијата е во индустриска зона Визбегово.
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава преку полето Брза Апликација
Рок на пријавување 7 дена од датумот на објавување на огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.