Vrabotuvanje.com - Менаџер на Сектор за човечки ресурси - Скопје - Мако Маркет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Менаџер на Сектор за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • Мако Маркет

Друштвото МАКО МАРКЕТ ДОО Скопје има потреба од
Менаџер на Сектор за човечки ресурси

 

Клучни работни обврски:

  • ширење, унапредување и пренос на корпоративната култура и вредности на претпријатието кон вработените,
  • планирање, развој, организација и контрола на работењето на Сектор човечки ресурси,
  • развој и унапредување на процедурите и политиките за подрачјето човечки ресурси, 
  • водење и организација на Мако Маркет академија за лидерство и едукација, 
  • планови, предлози и организација на обуки за вработените и нивна евалуација,
  • организирање на процесот на воведување нови вработени и менторство,
  • унапредување на системот и алатките за евалуација и мерење на перформансата на вработените, 
  • изработка на планови за развој на вработените на ниво на фирма и учество во кариерни планови за клучни кадри, 
  • водење на процес на регрутирање, учество во процес на селекција и избор на кандидати за вработување, водење и уредување на огласи за вработување,
  • водење на процесот на администрирање поврзан со подрачјето човечки ресурси (договори за вработување, пријави, одјави, одлуки, досиеја, обрасци и сл),
  • изработка на извештаи, и по потреба анализи и мерење на задоволство на вработените

Потребни квалификации:

  • високо образование соодветно за позицијата,
  • магистратура или МБА по човечки ресурси ќе се смета за предност,
  • напредна употреба на Англиски јазик;
  • работно искуство од минимум 5 години на раководна функција во областа човечки ресурси и управување со вработени,
  • познавање на трудово право и закон за работни односи,
  • искуство и/или сертификати во сегментите одржување обуки, пренос на знаење, презентациски вештини и/или coaching ќе се смета за предност,
  • искуство во организациски дизајн, менаџирање на промени, проектни задачи, регрутирање и менаџмент консалтинг ќе се сметаат за предност,
  • поседува флексибилност и висока емоционална и социјална интелигенција,
  • поседување позитивен дух, ентузијазам и усогласеност со вредностите на компанијата

Компанијата нуди одлични можности за развој и надградување преку интерна академија за знаење и лидерство, и има силни корпоративни вредности.

Писмото за мотивација и кратка биографија (CV) да се достават преку полето Брза Апликација најдоцна до 22.04.2019 година.

По извршена селекција само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

www.makomarket.com.mk​

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде