Менаџер за продажба на Лабораториска и процесна хемија и Лабораториски Потрошен материјал
- Планира, развива, координира и имплементира концепти поврзани за подобрување на продажбата на производи од областа на лабораториска и процесна хемија и лабораториски потрошен материјал за која е надлежен, како и нивна промоција
- Ја дефинира продуктната и продажна стратегија
- Ги анализира барањата на пазарот и обезбедува специјализирани информации како да се задоволат барањата на купувачите
- Изнаоѓа канали за набавка на продукти и ги анализира можностите за соработка со нови добавувачи согласно идентификуваните барања на пазарот
- Преговара и утврдува цени на продукти и услови на набавка и плаќање на трговска стока за продажба
- Комуницира и одржува контакти со добавувачите на трговска стока за продажба
- Ја следи продажбата и движењето на залихите на трговска стока за продажба
- Ги одредува количините и квалитетот на трговската стока за продажба нарачката, трошоците, датумот на испорака и други услови на договорите
- Ја следи продажбата, анализира и доставува месечни проекции за очекуваниот промет, планови за набавка, продажба, продажни акции
- Обезбедува навремени нарачки и непрекинато снабдување со трговска стока за продажба
- Дефинира продажни цени врз основа на зацртаните деловни цели во насока на реализација на пазарната стратегија, деловните планови и буџетот
- Ја следи конкурентската позиција на Друштвото на пазарот и предлага активности во сообразност со тековните состојби на пазарот со цел подобрување на пазарната позиција на Друштвото
- Универзитетско образование – Фармацевтски Факултет, Технолошки факултет, Природноматематички факултет
- Искуство во набавка, продажба, управување со производи и друга слична област на работа
- Темелно познавање на индустријата, технолошки и пазарни трендови
- Одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office пакетот
- Способност за ефективна комуникација и преговарање
- Страст за анализирање на производите, потребите на клиентите и динамиката на пазарот
- Позитивен став, тимски дух, желба за напредок и постигнување успех
- Атрактивна плата
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
- Континуирана обука и можност за напредување
- Дополнителни бенефиции кои се предвидени за позицијата