Vrabotuvanje.com - Шеф на кујна, Готвач и Салатери - Скопје - МАРКТ ОРГАНИК
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Шеф на кујна, Готвач и Салатери

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАРКТ ОРГАНИК
 

 

Со цел да го постигне посакуваниот квалитет во својата услуга, се објавува оглас за
вработување за позициите:

Шеф на кујна
Готвач
Салатери


​1. Главни обврски и одговорности Шеф на кујна:

  • Организирање и управување со работните обврски и процеси во кујната;
  • Врши контрола на работата на вработените во кујната;
  • Води евиденција за потребните материјали и инвентар за потребите на кујната;
  • Го контролира квалитетот и квантитетот на призводите во залиха и нивната употребливост
  • Одговара за редот и дисциплината во кујната, хигиената во кујната, кујнскиот прибор, инвентарот и опремата;
  • Одговорен/на е за разновидноста на приготвените јадења

Квалификации:

  • Најмалку 5 години работно искуство во оваа област
  • Добро познавање на процедурите за работа во ресторан;
  • Современ начин на размислување, мотивираност и самоиницијативност
  • Способност за работа во тим
  • Внимание кон детали,
  • Комуникациски способности
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање решениjа
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови

Дополнителни квалификации кои ќе бидат земени во предвид:

  • Диплома или сертификат за стручна подготовка: ССС- Угостителство;
  • Диплома за завршени студии;
  • Познавање на странски јазик;
  • Познавање на MC Office програмите (EXCEL, WORD, POWER POINT, PUBLISHER);
  • Диплома за завршено средно образование;

2. Главни обврски и одговорности на Готвач:

  • Самостојно врши подготовка и готови јадења согласно дадената листа на јадење или порачка;
  • Соработува со останатите вработени во кујна
  • Ги одржува прехранбените артикли и води грижа за нивна исправна состојба;
  • Врши дополна на продукти од магацинот согласно потребните количини за подготовка на јадењата;
  • Се грижи за квалитетот и квантитетот на спремените јадеања кои се сервират на гостите;
  • Уредно ја сервира примената порачка од келнерот и квалитетно ја издава;
  • Се грижи за хигиената на просторот во кујната и работните алатки.

Потребни квалификации:

  • Најмалку 2 години работно искуство во областа
  • Тимска работа
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови;

Дополнителни квалификации кои ќе бидат земени во предвид:

  • Диплома или сертификат за стручна подготовка: ССС- Угостителство;

3. Главни обврски и одговорности на Салатер:

  • Самостојно врши подготовка на салати и сендвичи согласно дадената листа на јадење или порачка;
  • Соработува со останатите вработени во кујна
  • Ги одржува прехранбените артикли и води грижа за нивна исправна состојба;
  • Врши дополна на продукти од магацинот согласно потребните количини за подготовка на јадењата;
  • Се грижи за квалитетот и квантитетот на спремените јадеања кои се сервират на гостите;
  • Уредно ја сервира примената порачка од келнерот и квалитетно ја издава;
  • Се грижи за хигиената на просторот во кујната и работните алатки.

Потребни квалификации:

  • Желба за работа во кујна
  • Тимска работа
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови;

Дополнителни квалификации кои ќе бидат земени во предвид:

  • Диплома или сертификат за стручна подготовка: ССС- Угостителство;
  • Работно искуство

Што нудиме ние:

  • Работа во динамична средина
  • Иновативна кујна, прилагодена на најмодерните трендови за исхрана (безглутенска храна, Веганска и Вегетаријанска Храна, Високо Протеинска Храна)
  • Пријатна атмосфера и добри меѓучовечки односи
  • Конкурентна плата и можност за напредување
  • Нова кујна по стандардите во областа на гастрономијата

Плати по позиции:
1. Шеф на Кујна
од 35 000 до 45 000ден.
2. Готвач
од 22000 до 33 000 ден.
3. Салатер
од 16000 до 22000 ден.

 
 
Ланецот на локали за здрав начин на живеење го продолжува ширењето на својот бренд со отварање на ресторан за здрава храна, Markt.Kitchen.
 
Посветеноста на оваа компанија во индустрија која бара врвна услуга за своите гости генерално се заснова на квалитетот кој го поседуваат вработените кои работат во тимот на Маркт, затоа за овој проект потребни се професионалци од областа на гастрономијата.
 
Како да аплицирате:
Ги охрабруваме заинтересираните кандидати да аплицираат со испраќање на нивното CV преку полето Брза Апликација.
 
Со нетрпение чекаме да ве запознаеме и да ја споделиме нашата визија со вас
 

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде