Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 29-години Микросам има инсталирано над 240 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Главни одговорности:
- Целокупно организирање и проверка на увоз и извоз
- Комуникација и координација на работата поврзана со други оддели во компанијата
- Проверка на тарифни броеви при увоз и извоз
- Организирање на транспорт и следење на пратки во транспорт
- Изготвување на извозни фактури
- Контакт со купувачи и добавувачи од странство во врска со извоз и увоз
- Контакт со Царинска Управа на Р. Македонија и шпедитери
- Редовно следење на законски и регулативни измени во постапките за увоз-извоз
- Одговорност за работата на останатите во одделот увоз-извоз како и за нивно професионално усовршување
- Дефинирање и подобрување на интерни процедури за увоз-извоз
Квалификации:
- Високо образование - предност царина и шпедиција, економски или правен
- Искуство во увоз-извоз минимум 5 години – предходно искуство во раководна позиција е предност
- Одлично познавање на закони и регулативи во постапките за увоз-извоз
- Работно искуство во производствена средина е предност
- Задолжително познавање на англиски јазик, писмен и говорен (секој друг јазик е предност)
- Способност за ефективна говорна и писмена комуникација
- Менaџерски способности и раководење со тимови
- Способност за решавање на проблеми и брза реакција согласно променливите деловни потреби
- Самоиницијативност и способност за самостојна работа
- Тимска работа
- Позитивен пристап
- Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
- Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office и различни софтверски алатки
Што нудиме?
- Кариера во најиновативната македонска компанија со решенија за светски клиенти
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Конкурентна компензација
- Континуирана обука и професионално усовршување
- Организиран превоз и храна
Доколку ги исполнувате потребните квалификации, аплицирајте преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на позицијата за која аплицирате.
Рокот за пријавување е до 20.05.2019г.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.