Vrabotuvanje.com - Специјалист за Човечки Ресурси и Правни работи - Скопје - ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за Човечки Ресурси и Правни работи

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДООЕЛ Скопје


​ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДООЕЛ Скопје е брзорастечка компанија за вршење на поштенски услуги настаната како спој на љубовта помеѓу Велосипедизмот, здравиот начин на живот, спорт и рекреација и препознатливиот долгогодишен потенцијал на искусните доставувачи за курирски услуги на правни и физички лица.

Секојдневно обезбедуваме брза, ефикасна, еколошка достава по пристапни цени, која го унапредува секојдневното работење со минимални трошоци.

 
ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДООЕЛ Скопје,
има потреба од вработување на кандидат на позиција:
 
Специјалист за Човечки Ресурси и Правни работи
 

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Познавање на законска регулатива од областа на работни односи
  • Одлично познавање на работа со компјутери (MS Office пакет)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б-категорија

Одговорности и задачи:

  • Следење и учество во креирање на стратегија за човечки ресурси и политики за вработување
  • Координирање на процесите во секторот за човечки ресурси, имплементација на корпоративните активности и барања поврзани со човечки ресурси 
  • Имплементација на процедури за човечки ресурси
  • Одговорно лице пред екстерни и интерни ревизии за функционирањето на сите процеси за човечки ресурси 
  • Регрутација и селекција според планот и потребите на организацијата
  • Учество во социјализација и ориентација на нови вработени 
  • Одржување база на постоечки и потенцијални вработени
  • Реализација на планот за обука и развој 
  • Вршење контрола на годишни одмори, дневни одмори, отсуства и одработени часови
  • Одговорен за изработка, контрола и одржување на целокупната кадрова документација во склад со локалните закони и правила на Компанијата
  • Одговорен за изготвување на потврди и друга документација на барање на вработените

Посакувани компетенции: 

  • Комуникативни вештини, вештини за презентација и преговарање
  • Високо развиени вештини за планирање и организирање
  • Способност за формирање и водење на тим
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати
  • Способност за решавање на проблемски ситуации 
  • Пожелно е познавање на процеси на транспорт, дистрибуција и комерција

 

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја Вашата апликација (CV) електронски преку полето Брза Апликација.
 
Ќе бидат контактирани само кандидатите во потесен круг на селекција.​
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде