ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДООЕЛ Скопје е брзорастечка компанија за вршење на поштенски услуги настаната како спој на љубовта помеѓу Велосипедизмот, здравиот начин на живот, спорт и рекреација и препознатливиот долгогодишен потенцијал на искусните доставувачи за курирски услуги на правни и физички лица.
Секојдневно обезбедуваме брза, ефикасна, еколошка достава по пристапни цени, која го унапредува секојдневното работење со минимални трошоци.
Потребни квалификации:
- Образование: ВСС- Економски Факултет
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност
- Познавање на Англиски јазик – пишан и говорен
- Одлично познавање на работа со компјутери (MS Office) и напреден excel
- Возачка дозвола Б категорија
Дополнителни квалификации/вештини/познавања:
- Уверение за сметководител/овластен сметководител ќе се смета за предност
- Изразени аналитички способности, комуникативност, организациски способности, тимска работа
- Доверлива личност
Опис на работно место:
- Изготвување на излезна документација и наплата на побарувања од купувачи
- Електронско плаќање на обврски и подготовка на извештаи до надлежни институции
- Подготовка на фолио, водење евиденција и книжење исплати кон надворешни соработници
- Книжење девизни и денарски изводи како и изводи од виза бизнис картички
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја Вашата апликација (CV) електронски преку полето Брза Апликација.
Ќе бидат контактирани само кандидатите во потесен круг на селекција.