Vrabotuvanje.com - Агент за контакт центар - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Агент за контакт центар

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД Скопје

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје
 
Служба за контакт центар / Секторот за кориснички услуги / Област на Главниот комерцијален директор 
                                                        
Работно место: Агент за контакт центар  - двајца (2) извршители 
Ангажман со скратено работно време од дваесетичетири (24) часа неделно
Ангажирање на определено време за замена на вработени кои се на породилно отсуство
                           
 
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место 
Услови:
  • Средно образование 
  • 1 година соодветно работно искуство
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office
  • Технички познавања за производите на Македонски Телеком
 
Работни задачи:
  • Одговарање на дојдовни повици од корисници со цел навремено и квалитетно опслужување. Типот на повици кои ќе му бидат доделени на агентот зависат од skill-овите  за кои агентот е оспособен со претходна обука.  Во текот на разговорот агентот треба да ги запазува сите елементи на комуникација  кои се дел од критерумите за оцена на разговор.
  • Одговара на барањата на корисниците (постојни или потенцијално нови) иницирани преку E-Mail каналот. Детално го разгледува проблемот на корисникот со цел да го разбере. Да разбере  што корисникот бара и што очекува како одговор. Ги прибира сите потребни податоци (од постојните ИТ системи и во комуникација со колеги од други сектори) за припрема на соодветен одговор кон корисникот. Припрема соодветен одговор до корисникот и му го испраќа на корисникот во временски дефинирани рамки.
  • Извршува активности кои произлегуваат од разговорот (Активации/Деактивации на сервиси и услуги,  Барања за продажба, креирање на нарачки, Промени на кориснички податоци, Промени на тарифни модели, Внесување на пречки за технички проблеми кој ги пријавува корисникот, а неможе да се решат по телефон) во соодветните ИТ системи.
  • Заокружување на разговорот со внесување на соодветен код/ови за класификација на разговорот.
  • Правење на појдовни повици (Истражувања на пазарот по телефон за обезбедување на feedback од корисниците, опомени за неплатен долг и друго, Потсетувачки повици кон корисници(потсетување за неплатен долг, извршување на нарачка, и.т.н), Повици за информирање за веќе активирани сервиси, Повици за проверка на решените пречки на корисниците, од страна на техничките служби ) во однос на потребите на работата
  • Давање на информации и технички инструкции за услугите и производите со цел задоволување на барањата на корисникот.
  • Проактивна продажба и понуди за задржување на корисници  по телефон за реализација на планот за продажба
Способности и вештини:
  • Комуникациски вештини, напредни продажни вештини,  способности за справување со стресни и конфликтни ситуации, способност за тимска и самостојна работа,
 
Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Агент за контакт центар
 
Огласот ќе биде објавен на ден 06.05.2019 година и ќе трае до 15.05.2019  година
 
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 3 242-602 
 
Работа во смени 
 
Предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 10.619,00 денари и  финансиска мотивација (бонус) за остварување на цели за кориснички услуги. 
 
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
 
Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде