Vrabotuvanje.com - Аранжер на роба – Скопје - Скопје - Nelt ST
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Аранжер на роба – Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • Nelt ST

Затоа што сте: 
Ентузијасти,
Професионални,
Посветени,
Ја сакате продажбата!

Бидете дел од Нелт СТ!

ВРАБОТУВАМЕ:

Аранжер на роба – реон Скопје

 
Кои сме ние?
 
Нелт СТ e дел од Нелт Група, организациски систем со над 3800 вработени, во 13 компании на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во регионот на потсахарска Африка - во Ангола, Замбија и Мозамбик.
Компанијата е основана  во 1998 година со  основна дејност - дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени и непрехрамбени производи  за широка потрошувачка. Наши партнери и клиенти се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, SC Johnson, Dr.Oetker, Hipp, Ipek Kagit, Sebapharma, Natura Siberica, Filippo Berio.
 
 
Опис на работната позиција:
  • Позиционирање на производите во категоријата согласно  пропишаните стандарди  на пронципалите.  Надополнување  и одржување на оптимални залихи на полиците , грижа во врска со квалитетот на производот (рок на траење) и изгледот на  изложбено-продажниот  објект на  клиентите.
  • Merchandising: поставување и одржување на ПОС материјали, со цел да се подобри видливоста и да се зголеми продуктивноста, почитувајќи ги пропишаните стандарди на клиентите.  Имплементација и координација на договорените маркетинг активности (секундарни места  на изложување, комуницирање на  специјални понуди ...). 
  • Промоција на производ: едукација на крајните потрошувачи и промовирање на брендови во согласност со добиените информации. 
Услови и компетенци:
  • Основни услови: ССС или ВСС  
  • Корпоративни компетенци: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
  • Општи компетенци : Возачка дозвола Б категорија , познавање на работа со компјутер, познавање на англиски јазик
Што нудиме?
  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување 
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот
  • Годишниот одмор определен согласно Закон за работен однос
  • Одлична работна атмосфера
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности. 
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми 
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на балканот и на афричкиот континент
 
Кандидатот е потребно да поседува подготвеност и страст за предизвици со кои ќе се соочи во првите 6 месеци бидејќи компанијата нуди динамична и мотивирачка средина!
 
Доколку сакате да постанете  дел од нашиот успешен и динамичен тим и сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 19.05.2019 год.
 
За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
или испратете го Вашето CV на 
Нелт СТ, ДООЕЛ
ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје
 
Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.
 
Запознајте ги дел од нашите брендови:
Дознајте повеќе за нас на http://www.neltst.mk/

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде