Келнери и Шанкери за работа на море во Бугарија
Номад Партнерс е агенција за регрутирање на кандидати за работа во EU. За наши партнери од Бугарија бараме да назначиме персонал за летната сезона за период Јуни-Септември 2019г. Повеќето локали се наоѓаат на плажа или други атрактивни дестинаци на туристички места како Несебар, Сончев Брег, Лозенец, Царево, Созопол и др.
Обезбедено е сместување, храна, агенцијата ја води процедурата за вадење на одобрување за работа со македонски пасош. Работата е легална со платени придонеси за време на целиот работен однос.
- Завршено средно образование
- Работно искуство 1 година
- Познавање на англиски јазик и руски јазик е предност
- Комуникативна, одговорна и лојална личност
- Љубезност и педантност
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Примање нарачки од гости (паметење или запишување на истата)
- Внесување на нарачките во компјутер и пренос на нарачката на персоналот во шанк и кујна
- Чистење маси за време на и по завршувањето на конзумирање на храна или пијалоци на гости
- Наплаќање од клиенти
- Дополна и хигиена на садовите за сол, бибер, оцет, зејтин, салфетки и чачкалици
- Грижа за крупниот и ситниот инвентар во шанкот на барот
- Градење на добра работна атмосфера и тимско работење со колегите
- Примање нарачка од келнерите, памтење или запишување на истата, внесување на нарачките во компјутер и пренос на нарачката
- Детално познавање на целото мени за храна и пијалоци и винска карта
- Подготовка на шанкот стандардно или како што се бара и подготовка на пијалаци за гости
- Чистење на шанкот за време на и по завршувањето на работата
Ве молиме да испратите CV преку полето Брза Апликација. Сите апликации ќе бидат третирани со целосна доверливост.