Дали размислуваш за кариера во осигурувањето? Приклучи ни сé!
Работата во Кроација осигурување е добра одлука за тебе, бидејќи те чека динамична работа, можност за голема заработувачка и потенцијал за успешна кариера. Ќе имаш систем на образование, менторска поддршка и стимулирачка работна средина. На почетокот си фокусиран на учење, но не постојат граници за заработка и развој, бидејќи тие зависат само од резултатот што сам си го постигнал.
Советник за осигурување во Секторот за продажба
- Презентација, советување и продажба на осигурување
- Аквизиција на нови клиенти
- Остварување на индивидуални и групни планови за продажба
- Ажурирање на базата на постоечки и потенцијални клиенти
- ССС или ВСС
- Познавање на MS Office
- Подготвеност за теренска работа
- Искуство во продажба
- Развиени комуникациски вештини
- Способност на препознавање и реализација на продажни прилики
- Фиксен износ на плата
- Дополнителни мотивациски бонуси согласно постигнатите резултати
- Едукација за работа во продажба
- Службен телефон
- Испратете CV и Доказ за завршено образование преку полето Брза Апликација