Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Marquardt Macedonia
За нашата фабрика во Велес, Маркарт Македонија ДООЕЛ има потреба од вработување на
Техничар за одржување – (Eлектричар/Електроничар)
Главни одговорности:
Одржува и прави промени на постојната опрема
Овозможува функционалност на опремата преку превентивно одржување
Пронаоѓа извори на проблеми во опремата и тест опремата и извршува поправки (Надгледува електрични уреди при работа, открива проблеми, користи инструменти за прецизно мерење и тестирање)
Се грижи за брза и квалитетна поправка на опремата
Подесува функционални делови на електрични уреди и контролни инструменти
Ја следи залихата на резервни делови и нивна инсталација во опремата
Се грижи за електричната опрема во објектот
Одржува безбедни и чисти услови за работа
Потребни квалификации:
Завршено средно образование (Електроничар,Електро техничар,Машински техничар)
Искуство во одржување на индустриска опрема
Познавање на англиски јазик
Познавање на алатките од MS-Office пакетот
Ефикасно решавање на проблеми
Аналитичен и структурален пристап и способност за расудување
Способност за работа под притисок
Желба за тимска работа
Искуство во користење на SAP системот ќе се смета за предност
Во Маркарт, нашите вработени се наша најголема вредност. Она што денес е вообичаено – активирањето на едно копче - не би било возможно без залагањето и талентот на над 10.000 вработени кои работат на 19 локации на глобално ниво. Бидејќи сме свесни дека нашите вработени ја реализираат нашата визија за производство на автомобилски електрични производи со врвен квалитет, ние создаваме можности за нивен раст, развој и обликување на својата иднина.
Искористете ја можноста за претставување на Маркарт групацијата во Македонија и истовремено, развивајте ја вашата кариера заедно со нас!
Доколку сте заинтересирани за горенаведената позиција, Ве молиме испратете ја Вашата апликација преку полето Брза Апликација со назнака: Техничар за одржување.
Крајниот рок за аплицирање е 31 Мај 2019 година.
Ве молиме имајте во предвид дека само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошни интервјуа.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!