ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска представува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.
Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.
Менаџер за транспорт и логистика во ОЕ Производство 1 (еден) извршител
- Планирање, организација и контрола на транспортот
- Координација на испораките согласно зададените рокови
- Комуникација со партнерите и корисниците на превозните услуги
- Ја организира, насочува и котролира работат во транспортното одделение и одделение за магацин на готови производи и отпад,
- Одредува правилна манипулација со матријалите и готови производи и одредува приоритет на работите,
- Одговорен е за дисциплината во транспорно одделение и одделение за магацин на готови производи и отпад, за безбедно транспортирање и водење на едиденција за присутност на работниците,
- Стручна подготовка: Универзитетска диплома-ВСС
- Со или без работно искуство
- Познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office
- Б-категорија
Личен профил:
- Посветеност на работата
- Желба за учење и напредување во работата
- Чесност, доверливост и одговорност
- Тимска работа