ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска представува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.
Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.
Контролор во ОЕ Управување со квалитет 10 (ДЕСЕТ) извршител
- Согласно операциската листа за контрола, а врз основа на пропишаните процедури и упатства за работа, врши визуелна и мерна контрола на производите и ги спроведува останатите предвидени испитувања и тестирања во производниот погон во кој што е распореден
- Врши вагање на готовите производи
- Составува извештаи предвидени со системот за обезбедување квалитет
- Одговорен е за правилно сортирање на производите по класи на квалитет
- Одговорен е за правилно ракување со мерните инструменти
- По завршување на серијата, кога има квар на машина или кога нема работа, учествува во промена на алат, чистење и средување на погон и други работи поврзани со производство
- Врши и други работи по налог на претпоставениот во рамки на Управување со квалитет и/или во рамки на производство
- За својата работа одговара на на контролорот на процеси со јонизирачко зрачење и/или контролорот на процеси
- Стручна подготовка: ССС маш. техничар, гимназија
- Со или без работно искуство
Личен профил:
- Посветеност на работата
- Желба за учење и напредување во работата
- Чесност, доверливост и одговорност
- Тимска работа