ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска представува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.
Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.
Менаџер за одржување во ОЕ Производство 1 (еден) извршител
- Ја организира, координира, насочува и контролира работата за одржување на капацитетите во погоните за производство
- Одговорен е за навремено, квалитетно и ефикасно извршување на задачите од превентивното и редовното одржување како и извршување на средните поправки и генералните ремонти на машините и уредите во производните погони
- Врши усогласување на утрошеното и евидентираното време за отклонување на застоите,
- Одговорен е за работната и технолошката дисциплина во делот за одршување на капацитетите,
- Одговорен е за спроведување на мерките од ХТЗ и ППЗ,
- Стручна подготовка: Универзитетска диплома-ВСС, машински факултет
- Со или без работно искуство
- Познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office
- Б-категорија
Личен профил:
- Посветеност на работата
- Желба за учење и напредување во работата
- Чесност, доверливост и одговорност
- Тимска работа