ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска представува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.
Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.
Електричари во ОЕ Производство 5 (ПЕТ) извршител
- Работи на одржување на машините,крановите,транспортните средства и возилата и врши отклонување на кварови на истите,а по потреба работи и во процесот на производството,
- Одговорен е за квалитетот на извршената работа,
- Учествува во вршење на средни поправки и генерални ремонти на капацитетите,
- За застоите и начинот на отклонување и уградените делови води евиденција и го информира одговорниот сменски одржувач,
- Врши и други работни задачи од својата стручност,по налог на претпоставениот раководител.
- Стручна подготовка: ССС електротехничар енергетичар,електротехничар јака струја
- Со или без работно искуство
- Посветеност на работата
- Желба за учење и напредување во работата
- Чесност, доверливост и одговорност
- Тимска работа