Vrabotuvanje.com - Продавач - Куманово, Струмица - Макпетрол АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Куманово, Струмица

Рок за пријавување:

  • Макпетрол АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на 4 (четири) работници на определено време во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на работно место продавач II категорија на бензинските станици на територија на Република Македонија, и тоа:
 
РЕГИОН КУМАНОВО
Бензинска станица во Куманово
3 (тројца) работници на работно место продавач II категорија на определено време од 4 (четири) месеци
 
РЕГИОН СТРУМИЦА
Бензинска станица во Струмица
1 (еден) работник на работно место продавач II категорија на определено време од 3 (три) месеци
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Завршено средно стручно образование;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
  • Познавање на англиски јазик.
 
Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведените работни места изнесува 20.000 денари.
Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.
 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Марија Тодороска
телефон за контакт: 02/3146-491
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање. 
 
Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју. 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
 
 
МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде