Vrabotuvanje.com - Отворени работни позиции - Скопје - Макпетрол АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Отворени работни позиции

Скопје

Рок за пријавување:

  • Макпетрол АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на 3 (тројца) работници на определено време од 5 (пет) месеци, во Дирекцијата за одржување во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на следните работни места:
 
 
1. Бравар III група – 1 извршител
  • Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 20.500 денари;
  • Завршено средно стручно образование – машинска насока;
  • Со или без работно искуство.
2. Бравар II група – 1 извршител
  • Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 22.000 денари;
  • Завршено средно стручно образование – машинска насока;
  • Работно искуство од најмалку 1 година.
3. Електричар II група – 1 извршител
  • Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 22.000 денари;
  • Завршено средно стручно образование – електро насока;
  • Работно искуство од најмалку 1 година;
  • Возачка дозвола Б категорија.
 
Дневното работно време за горенаведените работни места е од 07:00 часот до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
 
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти. 
 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација – со јасно наведено работно место за кое се пријавува;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Уверение од кривична евиденција;
Препорака од претходен работодавач;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде