Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЗЕГИН ДОО
РЕФЕРЕНТ ВО СЕКТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 1 (едно) работно место
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим, во кој вашето залагање и Вашите вештини ќе допринесат за развој на Вашата кариера во најуспешната компанија Зегин ДОО
Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор за нашиот брз и одржлив развој.
Опис на работни задачи:
Континуирано следење и евалуација на перформанси на вработените во различни сектори
Проценка на учинокот и ефективноста на секој вработен при извршување на работните задачи
Изготвување на досиеја на нововработени,интеграција и ориентација
План на кадри,предлог за ангажирање/промена на статус на вработени
Учество за план на деловни процеси со упатство за сите сектори
Анализа на годишен план за обуки за потребите на сите сектори
Тековно одржување на база на кандидати во програм за човечки ресурси
Безбедност и здравје при работа според законската регулатива
Тестирање и прераспределба на вработени во зависност од нивните стручни компетенции
Соработка и спроведување нa потребните промени во однос на законската регулатива
Други работи во доменот на човечки ресурси
Потребни квалификации:
Високо образование – Правен факултет,Човечки ресурси,Филолошки факултет;
Одлично познавање на англиски јазик;
Познавање на MS Office;
Работно искуство на иста или слична позиција 3 (три) години,предност ќе имаат кандидати кои имаат искуство во Фармацевтска компанија;
Одлично познавање на законот за работни односи;
Способност за запазување на рокови и остварување на резултати ;
Личен профил:
Високо развиени комуникациски и организациски вештини;
Способност за комуникација со вработени на различни нивоа и справување со комплексни ситуации;
Одлични комуникациски вештини;
Совесност,исполнителност и доверливост;
Способност за тимска работа;
Способност и желба за понатамошно стручно усовршување на своите познавања и искуства;
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција,Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака„Референт за ЧР“.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!