ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Референт/Соработник на благајна
(1 извршител)
Потребни квалификации и способности:
- Средно економско образование (соодветно високо образование ќе се смета за предност)
- Работно искуство во банка или финансиска институција ќе се смета за предност
- Ориентираност кон клиенти
- Комуникациски и организациски вештини
- Способност за тимска работа
- Познавање на англиски јазик и работа со компјутери
Краток опис на работно место:
- Благајничко работење и работење во платниот промет согласно упатствата и законската регулатива
- Безготовински платен промет во земјата и во странство
- Готовински уплати и исплати
- Брз трансфер на пари
- Менувачки работи
- Трезорско работење
- Отворање, сервисирање и затворање на трансакциски сметки
- Продажба и сервисирање на депозитни производи на банката
- Продажба и сервисирање дебитни и кредитни картички
- Трајни налози
- Продажба на сервисот Електронско банкараство
Работно време:
- 40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на Експозитурата
Локација на работното место:
- Експозитура во градот Скопје
Останати информации:
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование и други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 02.06.2019 година (недела), со назнака: „Апликација за благајник во Скопје “ преку полето Брза Апликација.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.