Vrabotuvanje.com - Менаџер на ресторан - Скопје - Македонија Турист
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Менаџер на ресторан

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонија Турист

​Македонијатурист како организација од областа на угостителството и туризмот е основана во април 1963 г. со интеграција на три постојни хотелски организации во Скопје. Овој тип на здружување овозможи созадавање на крупна и еминентна хотелско-угостителска организација која опфаќаше преку 70% од вкупниот капацитет за сместување на туристи во градот.

Во 1990 г. ХУП Македонијатурист се трансформира и организира како Акционерско друштво, а во 1995 г. е одржано и конститутивното собрание на акционерите, според остварената доприватизација и избрани се раководните органи. Од 1995 г. година до денес, Македонијатурист работи успешно како акционерско друштво, располагајќи со девет (9) профтни центри и вработувајќи преку 300 професионалци во својата област.​

Македонијатурист, за во Бест Вестерн Хотел Турист, Скопје има потреба од следната работна позиција:​

МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН
1 (Еден) Извршител

 

Потребни квалификации за Менаџер на ресторан:

  • ВСС/ССС
  • Работно искуство минимум 2 години, пожелно во областа
  • Аналитичен, ориентиран кон успех, Раководни и лидерски способности, Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност
  • Познавање на најчесто користени софтверски решенија - MS Office 
  • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок

 
Работни задачи за Менаџер на ресторан: 

  • Одговорен за целокупната стока, состојба, залихи, книговодствена евиденција и изглед на ресторанот
  • Раководи, го организира и овозможува развој на персоналот во ресторанот
  • Ги спроведува мерките за максимална економичност во работењето и текот на сите процеси во работењето на ресторанот 
  • Ги спроведува информациите и упатствата за работа од претпоставениот
  • Информира за проблемите на ресторанот и предлага мерки за нивно решавање и унапредување на работењето
  • Врши контрола преку точно дефинирани контроли и мерки и постојана комуникација со претпоставениот
  • Врши обука во ресторанот на нововработените

Ние нудиме:

  • Пријатна работна атмосфера 
  • Регрес и платен одмор согласно Законските нормативи
 
Испратете го Вашето CV електронски преку полето Брза Апликација!
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде