Vrabotuvanje.com - Дипломиран економист - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Дипломиран економист

Куманово

Рок за пријавување:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска представува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ - 2 (дВАЈЦА ИЗВРШИТЕЛИ)

 

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
  • Висока стручна подготовка, Економски факултет-сметководство, финансии и ревизија
  • Работно искуство ќе се смета за предност
  • Б – категорија
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office
 
Одговорности:
  • Го разработува контниот план и е одговорен за правилно контирање
  • Книговодствено  го утврдува вкупниот приход и доход
  • Изготвува биланси и ги усогласува со книговотствените податоци,
  • Ги изработува прилозите за пресметки и годишни  сметки
  • Се грижи за усогласувања на евиденција со магацините 
  • Одговорен е за навремено, квалитетно и ефикасно извршување на поставените задачи
  • Врши и други работни задачи, од својата стручност, по налог на претпоставениот
 
Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:
  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност

Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува
  • Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето "Брза Апликација" или на адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за ...........................”  или доколку документите ги праќате преку полето Брза Апликација истото да биде наведено во "предмет/референтен број".   

Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид. 

Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање. 

Однапред се обесхрабрува секој обид за директна комуникација со кој било официјален претставник на Компанијата. 


ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ

АД Куманово

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде