Локација: Куманово, Македонија
Договор: определено време
Оддел: Продажба
Рок за пријавување: 07.07.2019
Позиција: 1
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Унапредувач/ка на продажба во Куманово
Цел на работното место
- Одговара за остварување на висока изложеност и видливост на асортиманот, брендовите и артиклите со цел да придонесе за зголемување на продажбата и реализација на поставените таргети.
Услови за работа:
- Редовна месечна плата;
- Полно работно време- 40 часа;
- Работа на определено време;
- Пријатна работна атмосфера;
- Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Потребни квалификации:
- Средно или високо образование;
- Возачка дозвола, Б категорија
- Најмалку 1 година искуство на иста или слична позиција
- Познавање на англиски јазик
- Користење на модерната комуникациска технологија
Работни задачи:
- Унапредување на продажбата
- Остварување на теренски активности
- Поставување и одржување на опрема за изложување на брендови
- Нуди предлози за можна соработка со продажни места
- Проверка на залихите и роковите на производите
- Развивање и одржување на односите со клиентите;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна
http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 07.07.2019