КЕМЕТ Електроникс Корпорацијата е водечки глобален снабдувач на електронски компоненти. Како компанија, нудиме најширок избор на кондензаторски технологии во индустријата, заедно со проширување на опсегот на електромеханички уреди, решенија за електромагнетна компатибилност и суперкондензатори.
Фабриката на КЕМЕТ Електроникс Македонија која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети објавува оглас за пет слободни работни места на позиција:
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
Одговорности
- Ракување со сите релевантни машини, алати и опрема, извршување на сложени производствени задачи во согласност со инструкциите и стандардите на компанијата;
- Поставување и прилагодување на опремата согласно спецификациите за производство;
- Следење на квалитетот на производот, со цел навремено да се идентификува, отфрли или спречи произведство на неисправни производи;
- Изготвување на точни дневни извештаи за потребите на производство за да може континуирано да се анализираат перформансите;
- Менторирање и обуки на помалку искусни работници со цел да се овозможи правилно користење на опремата за производство како и решавање на тековни проблеми.
Барања, Вештини и Компетенции
- Завршено средно техничко образование;
- Познавања од електроника, електрика или механика;
- Претходно искуство во производство или со електроника ќе се смета за предност;
- Детално ориентиран и организиран во својата работа;
- Способност за следење на работни инструкции;
Лични вештини и компетенции:
- Точност, флексибилност, чесност, независност, организираност и одговорност;
- Организациски вештини и компетенции: способност за планирање и организирање на работата.
Доколку сте заинтересирани за објавената работна позиција и сметате дека поседувате вештини со кои би одговориле на работните задачи , Ве молиме испратете апликација (Професионална биографија), до 28.06.2019 година, со наслов Оператор во производство / Вашето име и презиме на: macedoniacv@kemet.com. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Апликациите ќе се чуваат во нашата база на податоци во период од една година.