Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Х. Ф. Вибе ГмбХ & КО. КГ
Х.Ф. Вибе ГмбX и КO.КГ – подружница во Република Македонија е германска компанија која работи на проект за рехабилитација на железничка пруга Куманово – Бељаковце, Коридор VIII. Поради зголемен обем на работа, имаме потреба од:
ОПЕРАТОР НА МАШИНА - БАГЕРИСТ
Работни задачи:
Подготвување на машините за започнување на работниот циклус;
Управување со мала машинерија/опрема, лесни возила, тешки возила и тешка опрема на соодветен и безбеден начин;
Контролирање и прилагодување на машините;
Работење на тешка машинерија со соодветна опрема;
Периодично тестирање на работењето на машините;
Чистење и одржување на машините и опремата;
Работење заедно со останатите оператори на машина за ефикасно и ефективно завршување на работните задачи.
Потребни квалификации и вештини за работното место:
Завршено средно образование;
Завршен курс за ракувач на градежни машини;
Минимум 3 години искуство на иста или слична работна позиција;
Предност имаат кандидати што имаат познавање од работа со двонасочен багер;
Возачка дозвола – Б категорија;
Способност за тимска работа;
Способност за работа во кратки рокови;
Темелност и ориентираност кон детали.
Почетна нето плата 32.000 денари
Работата се одвива во прва смена, а работното место е во Куманово.
Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) преку полето Брза Апликација
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!