Вработување ХР Солутионс (www.vrabotuvanje.com.mk), за потребите на клиент– реномирана интернационална компанија од автомобилистичка индустрија во Скопје имаат потреба од:
Оператори за подготовка на хемиски премази
Операторот за хемиски премази работи во насока на производство на хемиски премаз во согласност со упатствата за дозирање и спецификациите.
Главни задачи и одговорности:
- Подготовка и дозирање на смеси за катализатори
- Постојано следење на работните процедури
- Контрола на материјали кои се употребуваат во хемискиот премаз
Потребни квалификации за работното место:
- Минимум средно образование (пожелно техничка струка)
- Претходно работно искуство во производство
- Способност за следење и примена на дадените инструкции за работа
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Основно познавање на работа со компјутер
Можности/ работни услови кои што ги нуди компанијата:
- Кариерен и професионален развој и учење
- Месечни примања (фиксен и варијабилен дел, согласно сменската работа)
- Стимулативна и соработлива работна средина
- Обезбеден оброк и трансфер до работно место
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација!