Vrabotuvanje.com - Ракувач на бетонска пумпа - Скопје - ГД Гранит АД - Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Ракувач на бетонска пумпа

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГД Гранит АД - Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Компанијата има имплементирано Интегриран Систем за Управување, согласно барањата на интернационалниот стандард за квалитет ISO 9001, стандардот за заштита на животната средина ISO 14001, како и безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001.

ГД Гранит АД Скопје има потреба од:

Ракувач на бетонска пумпа  – 2 извршители
 
 

Потребни квалификации:

  • Средна стручна спрема;
  • Со работно искуство како ракувач на бетонска пумпа најмалку 3 години;
  • Возачка дозвола Ц категорија.

Клучни одговорности и задачи:

  • Доследно го применува упатството за ракување и одржување на транспортните и други возила и ги извршува сите работи предвидени со упатството за ракување и одржување на возилото и тоа: промена на уље, филтери, систем за ладење, мерни инструменти, исправност на сопирачкиот систем, подмачкување, чистење, притегнатост на склопови, делови и друго и е одговорен за нивната доследна примена;
  • Секојдневно ја проверува и контролира исправноста на транспортното средство со кое е задолжен;
  • Ги применува и употребува предвидените заштитни средства имерки при работа и движење на возилото за лична сигурност и сигурност на другителица-учесници во сообраќајот;
  • Благовремено  го известува раководителот на транспортни средства за настанатите промени и дефекти во работата на возилото со кое е задолжен и превзема лично активности и мерки за поправка на возилото примонтажа и демонтажа на делови, гуми и друго.

 Компанијата нуди:

  • Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување;
  • Основна нето плата во висина од 21.000,00 денари;
  • Работа во Скопје и на терен.

Личен профил:

  • Организираност и одговорност;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови.
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,30 до 15,30 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае седум работни дена од објавувањето. 
 
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk
 
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748.  

Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде