Vrabotuvanje.com - Изведувач-инженер за мостови и објекти - Скопје - ГД Гранит АД - Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Изведувач-инженер за мостови и објекти

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГД Гранит АД - Скопје


ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Изведувач-инженер за мостови и објекти – 1 извршител
 
Потребни квалификации:
  • ВСС- Градежен факултет (Конструктивна наосока)
  • Минимум 3 години работно искуство во струката 
  • Познавање на работа на компјутер (ACAD, MS Office, MS Project)
  • Познавање на законската и подзаконската регулатива од областа на градежништвото
  • Познавање на англиски јазик
 
Клучни одговорности и задачи:
  • Изведува поединечни фази од изградбата на објектот на кој е распореден според задолжението и барањата на Раководителот на објектот
  • Одговорен е работите за изградба на мостот-вијадуктот на кој е назначен за раководител да се извршуваат во се согласно Проектот, Договорот со Главниот Изведувач, техничката и проектната документација, како и во согласност со законските и другите прописи и стандарди од областа на градeжништвото, како и актите на Друштвото
  • Ги изработува работните налози за извршени работи од вработените, го води градежниот дневник и другите евиденции што се задолжителни во изградбата на објектот
  • Го контролира квалитетот на извршените работи, квалитетот на вградените материјали, рентабилноста и економичноста на работите изведени на објектот и го информира за тоа Раководителот на мостови
 
Компанијата нуди:
  • Работен однос на определено време од 1 месец со можност за продолжување
  • Работа на терен и на објекти ( изведба )
  • Почетна нето плата за огласеното работно место изнесува од 25.000,00 до 30.000,00 денари во зависност од работното искуство
 
Личен профил:
  • Способност во организирање  на ресурси и поставување на приоритети
  • Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија 
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и во дадени рокови
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работа од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,30 до 15,30 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
 
Само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и повикани на интервју.
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
 
Огласот трае седум работни дена од објавувањето. Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде