Vrabotuvanje.com - Соработник за Sugar CRM системи - Скопје - Македонски Телеком АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Соработник за Sugar CRM системи

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД Скопје

 
Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком.Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.  
 
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од млади, талентирани  инжинери без работно искуство кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно место:
 
Соработник за Sugar CRM системи 
Служба за CRM и Help Desk во Сектор за ИТ во Област на главниот директор за Техника и ИТ 

Одговорности:

  • Да ги извршува активностите за апликативно одржување на CRM системите
  • Да зема учество во анализата на функционалните барања и да извршува конфигурацијата на нови продукти 
  • Обезбедува поддршка  за CRM системите
  • Развој на извештаи, автоматски и рачни процедури за собирање на неопходните податоци од CRM системите

Квалификации:

  • Високо или Вишо образование – Технички факултет – Електротехника, Технички факултет - Информациски технологии, Технички факултет - Информатички науки и компјутерски инженерство, Природно математички факултет или друг технички факултет
  • Познавање на релациони бази на податоци
  • Практични познавања од SQL 
  • 0-1 години соодветно работно искуство 
  • Добро познавање на англиски јазик 

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот) 

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата утврдена во согласност од компетенциите, квалификациите и работното искуство на кандидатот 
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Можност за учество во интернационални проекти и меѓународна кариера 
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Соработник за Sugar CRM системи
 
Огласот ќе биде објавен на ден  12.07.2019 година и ќе трае  до 26.07.2019  година
 
Контакт информации тел. 02/3 242-602, e-mail: career@telekom.mk,

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде