Vrabotuvanje.com - Раководител на Експозитура во Скопје - Скопје - ТТК Банка А.Д. Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Раководител на Експозитура во Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТТК Банка А.Д. Скопје

 
ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:
 
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО

Раководител на Експозитура во Скопје
(1 извршител)
 
 
Потребни квалификации и способности: 
  • Високо стручно образование
  • Познавање на македонски јазик
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутер
  • Познавање на албански јазик  ќе се смета за предност
  • Стручност и познавање на деловните пракси во областа на банкарското работење
  • Работно искуство во банка ќе се смета за предност
  • Организациски способности
  • Комуникациски и аналитички вештини
  • Раководни способности (планирање, исполнување на поставените цели, идентификација и решавање на проблеми, организација на работењето)
  • Способност за извршување на комплексни задачи со почитување на зададени временски рокови
  • Самостојност во донесување одлуки
 
Краток опис на работно место:
  • Координирање и организирање на работата во експозитурата
  • Планирање, организирање и преземање на активности во експозитурата поврзани со продажба на производи и услуги на клиенти
  • Подготовка и разгледување предлози за одобрување на кредитните барања и достава на барања за кредитни производи или документарно работење
  • Следење, контрола и организирање на наплата по сите основи
  • Активности на двојна контрола во дел од продажбата и сервисирањето на производите и услугите на клиенти
  • Кредитно работење со правни и физички лица (кредити, кредитни картички, документарно работење)
 
Работно време: 

40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на Експозитурата

 
Останати информации:
 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование и други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 21.07.2019 година, со назнака: „Апликација за Раководител на експозитура во Скопје“ преку полето Брза Апликација.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат контактирани.

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде