Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - унапредувач на пазарот за Битола - Битола - Пивара Скопје АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Комерцијалист - унапредувач на пазарот за Битола

Битола

Рок за пријавување:

  • Пивара Скопје АД

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности за личен и кариерен развој.

​Што е тоа што го бараме:

  • Висока стручна подготовка (ВСП) ќе се смета за предност; 
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Добро познавање англиски јазик;
  • Чувство за односи со клиенти.

Краток опис на основните одговорности:

  • Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
  • Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и со дистрибутивната мрежа;
  • Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
  • Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
  • Генерирање и проследување нарачки до производителот;
  • Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
  • Подготовка на соодветна документација за продажба;
  • Давање насоки на клиентите за употреба на производите.

Биди дел од интернационалното семејство на Coca-Cola HBC и Heineken!

Како да аплицирате:​

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин: 

  • да пристапат на полето аплицирај веднаш и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 01.08.2019 год.

АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Македонија со 95 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде