Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, „Прилепска Пиварница“ АД постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови.
Во моментов имаме потреба од проширување на нашиот тим, на позиција:
Раководител на електро одржување
Потребни квалификации:
- ВСС-ФЕИТ
- Пожелно 1 година работно искуство но не ограничено на истото
- Возачка дозвола Б – категорија
- Ја раководи и организира работата во електро одржување.
- Непосредно учествува и дава помош на одржувањето на енергетските постројки и машините.
- Ја контролира исправноста на уредите во трафостаниците.
- Врши монтирање на нови уреди и инсталации.
- Врши требување на резервни делови и му дава потребна динамика на шефот на електро одржување за набавка на истите.
- Одговорен е за исправноста на сите машински уреди од електрична страна како и исправноста на целокупната електрична инсталација.
- Работи по писмен и усмен налог на шефот на електро одржување.
- За својата работа непосредно е одговорен пред шефот на електро одржување.
- Подложен е на оценка за извршените работи и работни задачи во било која фаза од работењето.
- Ги применува пропишаните мерки за заштита при работа.
- Работно време во смени
- Работно место во Прилеп
Ве покануваме да ја доставите Вашата Професионална Биографија (CV)
преку полето Брза Апликација
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.