Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЗЕГИН ФАРМ
ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА/ КОЧАНИ
За позицијата:
Управување и поддршка со оперативните процеси во аптеките на ЗЕГИН. Продажба на производите во делот за козметика и здрава храна.
Потребни квалификации:
Образование: ССС / ВСС
Познавање на Office
Познавање на Англиски јазик
Личен профил:
Комуникативност и преговарчки вештини
Трудољубивост и доверливост
Мотивација за работа во тим
Главни обврски и одговорности на позицијата:
Прием и изложување на роба согласно пропишани процедури
Позитивен однос и убедливост во комуникацијата
Ориентираност кон потреби на купувачи
Примена на стандардите за работа
Грижа за имиџот на фирмата
Ако сте енергични, храбри и полни со ентузијазам а воедно способни да работите како дел од тим, Ве молиме испратете биографија со назнака Асистент на Продажба преку полето Брза Апликација во рок од 5 дена од објавување на огласот. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!