Vrabotuvanje.com - Извршител за заштита на животна средина - Скопје - ГД Гранит АД - Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Извршител за заштита на животна средина

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГД Гранит АД - Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.Компанијата има имплементирано Интегриран Систем за Управување, согласно барањата на интернационалниот стандард за квалитет ISO 9001, стандардот за заштита на животната средина ISO 14001, како и безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001.


ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Извршител за заштита на животна средина - 1 извршител
 

Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови: 
  • ВСС Дипломиран инженер по заштита на животна средина
  • Положен стручен испит за управување со отпад
  • Предност ке имаат кандидатите кои поседуваат потврда за положен стручен испит за стекнат статус Експерт за оцена на влијанието на проектите во животна средина
  • Работно искуство со ISO 14001
  • Познавање на Англиски јазик
  • Работа со компјутери
  • Да поседува возачка дозвола Б категорија
  • Работен однос на определено време од  3 месеци со можност за продолжување
  • Основна нето плата во висина од 18.000,00 до 24.000,00 денари во зависност од работното искуство
 
Клучни одговорности и задачи:
  • Ги следи законите од областа на заштита на животната средина
  • Организира мерења согласно А-Б интергрирани дозволи
  • Ја координира заштитата при работа во работната единица и води евиденција за сите активности за заштитата на животната средина
  • Соработува со надлежните републички и општински инспекциски служби
  • Врши контрола на градежните објекти и укажува на можни опасности предизвикани од неисправноста на уредите и орудијата за работа  или неприменување на мерките за заштита на животната средина.
  • Предлага забрана за изведување одредени работи на објекти и погони ако тие непосредно се опасни по живототната средина
  • Учествува на состаноци со инвеститорите и надзорните органи поврзани со заштитата на животната средина
  • Води евиденција и управува со отпад кој се остава при работата
 
Личен профил:
  • Организираност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работа од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
 
Само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и повикани на интервју.
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
 
Огласот трае седум работни дена од објавувањето. Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде