Административен работник
„Евро Стил Трејд“ е дистрибутивна компанија специјализирана за увоз и продажба на широка палета на производи. Компанијата е основана во 2007 и е со повеќе од 10 години искуство во трговијата во Македонија.
Поради зголемен обем на работа имаме потреба од 1 лице за следната позиција:
- Административна работа поврзана со материјално книговодство
- Административна работа поврзана со финансово работење (книжење на изводи, споредување аналитички картици, изработка на финасови одобренија и сл
- Подготовка на фактури, повратници, одобренија и др. документи за сметководство и архива
- Ажурирање на личните досиеја на вработените - одржување на административната евиденција/ документација поврзана со човечките ресурси во компанијата (одјавување и пријавување на вработени, водење на отсуствата на вработените, како што се годишен одмор, отсуство поради боледување и сл.)
- Спроведување процедури за човечки ресурси согласно стандардите во компанијата
- Останати сродни работи поврзани со администрација
- Средно или високо образование
- Диплома од Правен факултет ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Место на живеење Скопје
- Возачка дозвола Б категорија
- Амбициозност и мотивираност за унапредување
- Одлични организациски и комуникациски вештини
- Способност за тимска работа
- Подготвеност за работа во динамична атмосфера
- Внимателност и точност во работењето
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим,
испратете го Вашето CV со назнака за АДМИНИСТРАТОР на evrostiltrejd@evrostiltrejd.com.mk