Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Вивакс
Вивакс е македонска компанија која постои 25 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Поради зголемениот обем на работни активности и растот на компанијата, отворена е работна позиција:
ИНЖЕНЕР МИКРОБИОЛОГ
Одговорности и задачи:
Го исполнува и спроведува зададениот план за микробиолошки анализи и е одговорен за редовно земање примероци.
Одговара за воспоставување и мониторинг на превентивни и неопходни корективни мерки, акции во ситуација на микробиолошки резултати надвор од предвидените стандарди.
Врши надзор на хигиенската состојба на производство, предлага и презема мерки во случај на отстапување од стандардите.
Се грижи за исправноста и функционалноста на лабораториската опрема и нејзината редовна калибрација.
Учествува во проекти како експерт од своето поле на работење.
Доставува точни и навремени извештаи за микробиолошката слика во производните погони.
Учествува во разработка на нови микробиолошки методи и процедури и редовно ги следи директивите, референтните прописи и барања во областа на микробиологијата.
Навремено обезбедува информации до менаџментот за контрола на квалитет за сите настани што може да имаат влијание и импликација врз квалитетот на производот.
Управува и врши увид на резервите на хемикалии и лабораториски материјали.
Потребни квалификации:
ВСС (Технолошко-металуршки, ПМФ – Институт за биологија, студии по биохемија – микробиологија).
Работно искуство во производна индустрија или во лабораторија.
Силни организациски и аналитички вештини.
Основно познавање MS Office пакетот.
Одлично познавање говорен и пишан англиски јазик.
Од кандидатот очекуваме:
Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
Организираност и одговорност.
Цврста работна етика.
Способност за одржување дискреција при справување со доверливи или сензитивни работни активности.
Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови и проценка на приоритети.
Високо развиени аналитички и организациски способности и прецизност во работењето.
Динамичност и ефективност.
Развиени способности за планирање, организирање и координирање.
Способност за индивидуална и тимска работа.
Флексибилност и адаптибилност.
Високо развиени комуникациски и меѓучовечки односи и ефективна вербална комуникација.
Одлични аналитички способности и прецизност во работењето.
Ви нудиме:
Работа во динамична, професионална и стимулативна средина.
Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата.
Позитивна тимска атмосфера.
Обезбеден оброк.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “ИНЖЕНЕР МИКРОБИОЛОГ“.
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 22.07.2019 до 05.08.2019).
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!